Надградбата „Update for Removal of Adobe Flash Player“, која во целост ќе го отстрани Flash како компонента на оперативниот систем, ќе стане обврзна во јули. Ажурирањето на Windows 10 верзијата 21H1, кое ќе биде достапно овој месец, исто така, ќе го отстрани споменатиот софтвер.
Надградбата која го отстранува Adobe Flash ќе биде достапна и за постарите оперативни системи како што се Windows 8.1, Windows Server 2012 и Windows Embedded 8 Standard.
Microsoft веќе ја отстрани поддршката за Flash од својот прелистувач Microsoft Edge преку ажурирање, кое многу корисници го преземаа и автоматски го инсталираа, а сега ја отстранува и Flash верзијата, која пристигна со Windows. На страницата за поддршка е наведено дека нема да биде отстранета верзијата на Adobe Flash Player, која рачно е инсталирана преку друг извор.
Крајот на Flash се најавува со години, а поголмите браузери ја завршија поддршката во 2016. година. Internet Archive сега нуди бекап за илјада стари Flash игри и анимации во обид да сочува важен дел од историјата на интернетот.