Компанијата Check Point Research, која за занимава со анализа на компјутерскиот криминал, објави листа на брендови што хакерите најмногу ги имитираат со цел да ги намамат корисниците да им дадат свои лични информации или детали за средствата за плаќање.

Во тримесечниот фишинг извештај на аналитичката компанија, во периодот јуни-јули-август 2020 година, Microsoft беше брендот што сајбер-криминалците најмногу го користеле. Microsoft се искачи од петтото место во вториот квартал на првото место во третото тримесечје. Брендот бил користен во 19% од сите глобални фишинг напади во споменатиот период (во споредба со седум проценти од вториот квартал).

По една компанија надвор од IT светот (DHL), на третото место се наоѓа Google (неговото име е користено во 9% обиди за фишинг напади). Следуваат PayPal и Netflix со удел од 6 проценти, Facebook, Apple и WhatsApp со учество од 5% и Amazonи и Instagram со удел од 4 отсто.