Microsoft го објави OneDrive уште во 2007 година, а покрај долгата историја на услугата, оваа апликација за синхронизација на фајлови дури сега ја добива својата 64-битна верзија.
Компанијата најави нов клиентски preview, а истакнува дека оваа верзија на OneDrive ќе им помогне на оние кои треба да пренесат големи фајлови или голем број фајлови одеднаш, со оглед на тоа што 64-битниот систем може да пристапи до повеќе ресурси во споредба со 32-битната верзија.
Microsoft објави дека 64-битната верзија е можно да се користи со OneDrive профилите за работа, домашна употреба или училиште. Потребно е да се напомене дека preview моментно е достапен само на x64 инсталацииите на Windows.
Оние кои имаат компјутери како што е Surface Pro X, на кои користат Windows 10 on ARM, ќе мораат да почекаат за надградба и да продолжат да ја користат 32-битната верзија на OneDrive.