Од Microsoft тврдат дека произведувачите кои работат на развој на вакцина против коронавирус беа мета на хакерски напади од Русија и Северна Кореја.
Како што наведоа, нападнати се седум водечки фармацевтски компании и истражувачки центри во САД, Канада, Франција, Индија и Јужна Кореја.
„Нападнати се компании кои развиваат вакцина против коронавирус и кои се во различни фази од тестирањето на вакцината“, вели Том Бурт, потпретседател на одделението за безбедност и доверливост на Microsoft.
Тие не наведоа кои компании се нападнати и дали од нив се украдени доверливи податоци.
Microsoft им понуди помош на компаниите и нагласи дека повеќето напади се блокирани. Хакерите користеле различни методи за напади, пишува The Verge.
Извор: Klix.ba