По најавата на Windows 11, Microsoft објави и Windows 11 PC Health Check апликација која го скенира компјутерот на корисникот за да види дали е подобен за големо ажурирање на Windows. Набрзо потоа, апликацијата беше отстранета поради контроверзи во врска со системските барања.

Апликацијата сега е повторно достапна за преземање и корисниците можат да видат дали нивниот хардвер е соодветен. Потребен е 64-битен процесор со најмалку две јадра и 1GHz такт, 4GB RAM и 64 GB простор за складирање. Повеќе е лимитирана поддршката за TPM 2.0, која мора да се овозможи преку BIOS поставките доколку е поддржанa.

Сепак, се сугерира дека постојат само мал број на оние што ги исполнуваат минималните барања, а нема да имаат поддршка за Windows 11. Тука спаѓаат компјутерите со Intel процесори 7-та генерација и некои AMD Ryzen чипови од втората генерација.

 

Microsoft истакна дека ќе ги следи корисниците кои учествуваат во Insider програма, а ги имаат споменатите процесори. Доколку не се појавуваат проблеми, процесорите од седмата генерација на Intel и од AMD Ryzen процесорите од втората генерација ќе бидат вклучени во официјално поддржаниот хардвер.

Оние кои не сакаат да губат време во проверка дали нивниот процесор е подобен за Windows 11 надградба, или сето ова им е збунувачки, можат да ја искористат PC Health Check апликацијата тоа да го направи за нив.