По консултации со здравствени експерти, Microsoft одлучи дека е најбезбедно работниците да останат во своите домови, пренесува Бизнис Инсајдер“.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата на локална основа во секој регион и држава во која работиме и ќе се прилагодиме на потребите на работниците и епидемиолошката состојба“, рече портпаролот на Microsoft.

На почетокот на овој месец, Microsoft објави нова работна политика што им овозможува на повеќето вработени да работат флексибилно време и да работат од далечина барем половина од своето време. Вработените исто така можат да побараат постојана работа од дома или преместување, што бара одобрување од управителот на компанијата.

Следната половина од годината се чини предизвик за повеќето технолошки компании кои одлучија да работат далечински до летото 2021 година. Amazon исто така ја продолжи работата од дома до јуни 2021 година, а Google и Facebook објавија дека нема да бараат работниците да се враќаат во канцелариите пред јуни или јули следната година.

Потсетуваме дека Microsoft ги затвори канцелариите во март.