Microsoft планира да се префрли на четиринеделен циклус на стабилни ажурирања за Edge, подоцна во текот на годината. Компанијата ќе почне со новиот распоред на ажурирања од верзијата Edge 94, што се очекува во април.
Претходно овој месец и Google објави дека Chrome ќе се префрли на истиот циклус за објава на ажурирања со Chrome 94 верзијата.
Microsoft посочува дека четиринеделниот циклус на надградби можеби не е идеален за секого. Деловните корисници ќе ја имаат Extended Stable опцијата, преку која Microsoft ќе испорачува стабилни Edge ажурирања на секои осум недели.
Претстојните промени во зачестеноста на ажурирање ќе ги стават Edge и Chrome на исто ниво со Firefox. Прелистувачот на Mozilla спроведе четиринеделен циклус на стабилни ажурирања на почетокот на 2020 година.