Оние кои често го користат Microsoft Edge би можебила да ги израдува веста дека Microsoft неодамна објавил ново ажурирање за својот веб-прелистувач. Се работи за нова безбедносна опција која открива кога некоја лозинка е компромитирана и го известува корисникот за тоа.

Бидејќи во последните неколку години протекоа многу кориснички податоци, голем е бројот на оние кои сè уште користат барем една компромитирана лозинка. Вистина е дека веќе постојат веб-страници на кои може да се проверат лозинките, но сигурно е дека ретки се оние кои често ги проверуваат своите податоци. Edge Password Monitor го решава овој проблем, и тоа на практичен начин кој од корисникот не бара дополнителни напори.

Microsoft не е прва компанија што на корисниците им го понуди ова решение, а Chrome и Firefox нудат слични мерки. Најголемата разлика е во тоа што Microsoft ја користи таканаречена „хомоморфна енкрипција“, која овозможува ракување со енкриптираните податоци без потреба претходно да се дешифрираат. Ова значи дека никој, дури ни Microsoft, нема да биде во можност да ги чита лозинките што се проверуваат.