Microsoft неодамна претстави нова платформа за комуникација наречена Microsoft Mesh, а се работи за производ кој гледа далеку во иднината. Основната функција е на корисниците со помош на холограм да им се овозможи да го делат истиот 3D простор, и покрај тоа што се физички раздвоени.
Јасно е дека целата идеја звучи како прозорец во научно-фантастична иднина, па поради тоа на моменти изгледа претерано. Сепак, јасно е дека технологијата има потенцијал за да ги надмине вообичаените деловни состаноци, така што корисниците преку Mesh платформата би можеле да го набудуваат дното на некој океан, а со помош на софтвер што ќе обезбеди информации за рибите и други животински видови. Така, целиот свет во иднина би можел да стане една голема видео игра, а платформата би можела да служи како средство за едукација – на пример, студентите по медицина би можеле да имаат вежби на холографски примери (иако традиционалните вежби се веројатно покорисни).
Има многу технологии кои овозможуваат комуникација и соработка на далечина, но Mesh нуди чувство за физичко присуство на соговорникот. Корисниците можат да се појавуваат во облик на холограи кои се нивна верна корија, но и како аватари што ќе ги изберат. Сигурно е дека се работи за голем чекор во иднината, а новата платформа би можела да ја збогати целата лепеза активности, вклучувајќи го и гејмингот, па е веќе прикажано новото Pokemon GO искуство во рамките на Mesh платформа.