Microsoft направи голем чекор и целта е корисниците на Zoom, но и корисниците на другите платформи, да се насочат на аполикацијата Teams за видео повици. Се работи за опцијата за целодневни видео разговори, која може да се користи целосно бесплатно.

Компанијата пред некое време го претстави Microsoft Teams за мобилните корисници, а сега донесува нови опции за десктоп апликацијата. Во прашање е функцијата со помош на која поврзувањето со пријателите и семејството ќе биде уште поедноставно, бидејќи корисниците ќе можат да креираат повизи за до 300 учесници, кои ќе можат да потраат преку целиот ден. Новата услуга не се плаќа, а за учество не е потребен Microsoft Account, па дури ни Microsoft Teams апликацијата, бидејќи заинтересираните ќе можат да се вклучат во разговорите преку веб-прелистувачот. Оние кои ќе комуницираат на овој начин, во галеријата што се наоѓа во рамките на повикот, ќе можат да видат до 49 други учесници.

Опцијата пристигнува навреме за почетокот на празниците, и креирана е поради пандемијата, која многу семејства ќе остави раздвоени, бидејќи не се препорачуваат патувања. Новата функција на траење на повиците се ограничува на 24 часа и Teams така нуди најдобар начин за бесплатно поврзување со оние кои се далеку.