Microsoft ја патентираше револуционерната технологија преку која луѓето ќе можат да комуницираат со виртуелни лица, па дури и со починати блиски.
Системот ќе функционира со користење на податоци за лицето со кое сакате да комуницирате, а тоа се звучни записи, фотографии, пораки, е-пошта, објави на социјалните мрежи.
Со ваква база на податоци, ќе биде можно да се создаде најточен профил на некоја личност. „Chat bot“ дури може да звучи и како вистинската личност.
„Во некои аспекти, гласот на една личност може да се генерира од снимки и аудио податоци што се однесуваат на одреден маж или жена“, велат од компанијата.
Во Microsoft замислиле тој сервис да функционира во облик на апликација за паметен телефон, а за навистина да функционира, потребен му е пристап до голема количина на приватни и чувствителни информации, како пишувања со некоја личност, за вештачката интелигенција да препознае и да научи да го имитира стилот на кој некоја личност пишува, зборови кои ги користи и начинот на кој што се изразува.
Како главен извор на податоци се споменуваат профилите на социјалните мрежи и апликациите за допишување.
Дополнително, можен е двостепен и триделен модел на одредена личност, кој може да се генерира со помош на слики и податоци од видео материјал.
Во Microsoft не се посебно загрижени за тоа кој може да биде „избран за предмет за комуникација“ и додаваат дека некое лице може да биде живо или мртво.
„Специфична личност може да одговара на минат или сегашен ентитет (или неговата верзија), како пријател, роднина, познаник, славна личност, измислен лик, историска фигура, случаен субјект …“, изјавија од компанијата.
Покрај разговорот со мртвите или со омилена славна личност, ќе може да разговарате и со себе.
Сепак, идејата за реинкарнирање на луѓето како „разговор-ботови“ очигледно го покренува прашањето за приватност.
На пример, не е јасно дали луѓето ќе имаат право да бараат тие, и нивните починати пријатели или членови на семејството, да бидат исклучени од таквата приказна.