Samsung објави дека Odyssey Neo G9 гејминг монитор на компанијата ќе биде достапен во претпродажба од 29. јули, по цена од 2500 долари.
Odyssey Neo G9 има големина на екранот од 49 инчи, користи mini-LED технологија и нуди многу висок контраст за еден LCD монитор. Samsung тврди дека нивото на црната боја е само 0,0004. Тука е и екстремно светлиот HDR, благодарение на максималното осветлување од 2000 нита, а тука се и прилагодените светлосни ефекти.
Мониторот би требало да има 5120 x 1440p резолуција, 240Hz освежување и 1ms одзив, како кај минатогодишниот Odyssey G9 модел. Опциите на конекција вклучуваат два HDMI порта, DisplayPort и два USB 3.0 конектори.
Odyssey Neo G9 е наменет за популацијата гејмери, кои сакаат најдобро можно имерзивно искуство, додека креативците и професионалците ќе мораат да ги пронајдат решенијата за своите потреби на некој друг монитор.