Xiaomi веќе работи на MIUI 13 корисничкиот интерфејс, кој ќе биде подготвен за објавa во август. Оваа информација ја објави официјален претставник на Xiaomi, а зборуваше на тема промени во интерната процедура за тестирање на софтвер во компанијата.

Следната голема објава на верзијата на Xiaomi за Android платформата во моментов е во фаза на тестирање и најверојатно ќе биде објавена во текот на август, а прво ќе се појави на телефоните во Кина, по што постепено ќе пристигнува и на глобалните уреди по август.

Засега малку се знае за MIUI 13. Не е познато кои измени ќе ги спроведе, кој дизајн јазик ќе го користи и слично. Се претпоставува дека сите нови уреди на Xiaomi, или барем оние од 2019 година и понови, ќе бидат подобни за надградба на MIUI 13. Интерфејсот треба да се базира на Android 11, со оглед на тоа што Android 12 e сè уште во бета фаза на тестирање и се очекува во текот на есента.

Покрај MIUI 13, Xiaomi во август би можел да го претстави и Mi Mix 4 телефонот, кој ќе биде премиум уред од највисок ранг. Засега се знае дека Mi Mix 4 ќе има камера под екранот и поддршка за Ultra-wideband поддршка.