Apple ја најави најновата верзија на својот оперативен систем macOS, а со macOS Monterey верзијата, компанијата дополнително ја исполира и ја подобри својата софтверска платформа за Mac уредите
Една од најистакнатите функции на macOS Monterey е Universal Control, еволуирана форма на Apple Continuity функцијата, што го олеснува користењето и префрлањето на тастатура и маус на Mac и iPad уредите.
Покрај тоа, корисниците ќе можат да репродуцираат содржини од екранот на iPad и музика на компјутерите на Apple, преку AirPlay функцијата. Ова е уште еден начин што ја олеснува работата на повеќе уреди на Apple и соработката со другите корисници на Apple.
Apple имплементираше и некои подобрувања во Safari, како што се поскладни табови, групирање на табови, а компанијата конечно овозможува и екстензии за Safari за своите мобилни платформи.
Исто така, Apple планира да ја олесни автоматизацијата за корисниците на macOS Monterey преку Shortcuts функцијата. Оперативниот систем доаѓа со неколку вградени Shortcuts опции, а корисниците ќе можат да ги конфигурираат сопствените кратенки, како и да импортираат Automator акции.