Американската компанија Motiv, со седиште во Сан Франциско, креираше паметен прстен којшто овозможува верификација на идентитет преку EKG и плаќање со помош на NFC технологија.

Компанијата за прв пат го претстави прстенот Motiv во 2017 година како уред за следење на фитнес активности. Во новиот уред новина е вградената NFC технологија за електронско плаќање и можност за EKG на корисникот.

Корисниците на прстенот можат да пристапат до заштитени веб страни и локации благодарение на биометриската идентификација направена врз основа на EKG.

Истата технологија се користи за идентификација при NFC плаќање. Motiv прстенот го има во црна, сребрена и розова боја со златен финиш.