Motorola оваа година на кинескиот пазар го пласираше Moto Edge S смартфонот, a сега ребрендираниот уред би требало да се појави и на останатите пазари.
На социјалните мрежи се појавија рендери од моделот Moto G100 кој е многу сличен на смартфонот Moto Edge S. Уредите имаат ист модул на камера со четири задни сензори, напред е селфи камерата, а во копчето за отклучување и заклучување е и сензорот за отпечаток со прст.
Познато е дека Moto Edge S го движи Qualcomm Snapdragon 870 процесор, има голем екран со FHD+ резолуција и фреквенција за освежување од 90 Hz, батерија од 5.000 mAh и четири камери – главната има 64 MP.
Моделот доаѓа со 6 GB RAM, 128 GB интерна меморија и чини 309 долари, додека за верзијата со 8 GB RAM и 256 GB интерна меморија треба да се издвојат 433 долари.