Новата Motorola Edge доаѓа со моќни процесори, главна камера со многу пиксели и нов перископски систем за зумирање. Тука е и брзото освежување на екранот, брзото полнење на батеријата и новото искуство за користење на Ready For софтверска платформа.

Целото Edge 20 семејство доаѓа со унапреден квалитет на камерите.

Motorola Edge 20 Pro има главна камера од 108 MP со исклучителен квалитет, а станува збор за еден од најголемите сензори.

Edge 20 Pro има голем 6,7-инчен Max Vision екран со OLED технологија. По првпат тука е и 144Hz освежување на екранот кое е 140% побрзо од 60Hz освежување кое претставува индустриски стандард, а со самото тоа екранот е за 60% побрз во споредба со првата генерација од семејството Edge.

Пристигна со ултрабрзиот Qualcomm Snapdragon 870 и меморија од 256 GB.

Може да бидете и 30 часа на 5G мрежа без потреба да го полните телефонот. TurboPower 30 ви дава 9 часа дополнителна сила со само 10 минути полнење.

Motorola Edge 20 е еден од најтенките 5G телефони во светот со дебелина од само 6,99 мм.

Извор: B92.net