Motorola со тизер го најави доаѓањето на нов смартфон кој ќе има моќна камера од 200 MP.
Генералниот директор на компанијата Lenovo, кој е сопственик на Motorola, објави на социјалната мрежа Weibo тизер од претстојниот уред кој ги прикажува леќите на камерата со порака за влегување во нова ера на мобилна фотографија. Објавата не открива потенцијални спецификации, но најавува сензор од 200 MP. Тоа би можело да биде ISOCEČČ HP1 на Samsung, кој првично беше најавен минатата есен.
Сепак, иако огромните сензори се позитивна работа, не треба да заборавиме дека за квалитетна фотографија е потребно многу повеќе од голем број мегапиксели. Многу понови телефони на Motorola, вклучувајќи го и Edge +, имаа проблеми со фотографирање во услови на слаба осветленост, што резултираше со заматени фотографии.
И додека ISOCELL HP1 поддржува импресивна 16x техника од бинувани пиксели која му овозможува на сензорот од 200 MP да прави фотографии од 12,5 MP со подобрена чувствителност на светлина, острината и осветленоста на фотографијата сè уште зависат од обработката на Motorola.
Гласините велат дека претстојниот паметен телефон ќе се вика Frontier и се очекува да има три задни камери, процесор на Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, 6,67-инчен OLED екран со стапка на освежување од 144Hz и ќе поддржува брзо полнење од 125W.
Motorola го најави доаѓањето на уште еден смартфон со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, а веројатно тоа е долгоочекуваниот телефон на преклопување Razr 3.