Недолго откако Qualcomm го објави својот Snapdragon 870 чипсет, Motorola потврди дека Moto Edge Stelephone на компанијата ќе пристигне на 26. јануари и ќе го имплементира најновиот чип.
Motorola веќе објави тизер за новиот телефон на страницата Weibo и ни даде најава за новиот чипсет.
Snapdragon 870 има најбрз работен такт досега кога станува збор за чиповите, со Kryo 585 јадро (редизајниран Cortex-A77), што работи со брзини до 3,2 GHz. Чипсетот е создаден во 7nm процес на компанијата TSMC и има осум јадра. Споменатиот, брз Cortex-A77, три Cortex-A77 јадра кои работат на понизок такт и четири ефикасни Cortex-A55 јадра.
Motorola Edge S се очекува да има 6,7-инчен FHD+ дисплеј со стапка на освежување од 105Hz и главна камера од 64MP на задната страна. Телефонот се очекува да го напојува батерија од 5000mAh.
Motorola наскоро ќе ја претстави новата Edge S серија смартфони