Motorola потврди преку Weibo мрежата дека Edge X30 ќе биде најавен на претставувањето во Кина на 9 декември во 19:30 часот по локално време. Тизерот не потврдува ништо повеќе за новиот Moto Edge уред.

Овој телефон на Моторола се споменуваше во последно време. 3C сертификатот сугерира дека Motorola Edge X30 (XT2201-2) ќе поддржува полнење од 68,2 W за неговата наводна батерија од 5.000 mAh. Друго протекување укажува на рамен 6,67-инчен AMOLED екран од 144 Hz со поддршка за HDR10+. Неофицијални информации има и за селфи камерата од 60 MP во отворот на горниот централен дел од екранот. Прикажаната поставка на тројната камера може да се состои од главна камера од 50 MP, ултраширока камера од 50MP и сензор за длабочина од 2MP.

Пред само неколку дена, телефонот го најави и Извршниот директор на Lenovo, истакнувајќи дека го имаат во рака, и со тоа направија голема врева меѓу обожавателите на брендот. Има и некои гласини за Edge 30 Ultra и Edge X30, за кои сè уште не сме сигурни дали се однесуваат на истиот уред. Исто така, веројатно е дека Motorola на 9. декември би можела да објави два модела со нов чипсет на Qualcomm.