Телефонот Motorola Nio 5G е прикажан на FCC сајтот за сертификација. Листингот открива некои карактеристики на батеријата и опции за полнење на уредот. Тоа исто така значи дека објавата на телефонот може да се очекува наскоро.
FCC sертификацијата го открива телефонот на Motorola со ознака на моделот XT2125-4. Истиот модел се појави претходно на Geekbench. Сертификатот дополнително потврдува дека станува збор за 5G телефон.
Покрај тоа, TUV Rheinland сертификатот наведува информации за батеријата, која има капацитет од 5000mAh и поддршка за 20W брзо полнење.
Претходно, Geekbench откри дека Motorola Nio 5G ќе има Qualcomm Snapdragon 865 чипсет, заедно со Adreno 650 GPU. Исто така, има 8 GB RAM и работи на Android 11. Телефонот би можел да има Full HD+ дисплеј со брзина на освежување на екранот од 90Hz.
На задната страна се очекува OmniVision 64MP главна камера, со 16MP ултраширок и 2MP сензор за длабочина. На предната страна, во два засебни punch-hole отвори, ќе бидат сместени 16MP главна и 8MP селфи камера.