Се очекува дека Motorola оваа година ќе претстави интересен премиум телефон, што ќе го краси најнов хардвер.
Android телефонот на компанијата од горниот сегмент би требало да користи Snapdragon 8 Gen 1 Plus чипсет, како и ISOCELL HP1 Samsung сензор од 200MP за главната камера. Сега дојавувач објави фотографија која ни го дава првиот увид во овој уред.
Motorola Frontier, како што може да се вика телефонот, има голем модул за камери на задната страна, а се издвојува главниот сензор од 200 MP. Фотографијата покажува и текст, кој потврдува дека се работи за сензор од 200 MP HP1, со поддршка за OIS и f/2.2 отвор на бленда.
Upcoming Motorola Flagship real life look
– 200mp Isocell HP1 main camera
– 60mp selfie camera
– Snapdragon 8 Gen 1+
– 6.67 inch 144hz FHD+ Oled Display
– 4500mah battery with 125w charging pic.twitter.com/4TNXuBksNc— Anthony (@TheGalox_) March 29, 2022
Samsung HP1 може да направи спојување на 2×2 пиксели, што ви овозможува да креирате фотографија со резолуција од 50 MP. Исто така, постои и режим на „поврзување на пиксели“ 4×4, со сензор од 16 пиксели, за да се создаде еден голем пиксел за слика што има еквивалент на резолуција од 12,5 MP. Дополнително, сензорот може да снима видео до 8K со 30 fps, со минимално намалување на видното поле.
Гласините велат дека Motorola Frontier ќе има заоблен 6,67-инчен OLED екран, со стапка на освежување од 144 Hz и селфи камера од 60 MP. Заедно со гореспоменатиот чипсет Snapdragon 8 Gen 1 Plus, се очекуваат и 8/12 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање податоци.
Уредот треба да се напојува од батерија од 4500 mAh, со поддршка за брзо полнење од 125 W, додека се очекува безжично полнење помеѓу 30W и 50W. Објавувањето на телефонот се очекува во текот на јули.