Motorola се подготвува за претставување на нов смартфон развиван под кодното име Kyoto, кој кога ќе стигне на пазарот, ќе се вика Edge 20 Lite.

Веќе некое време се најавува доаѓање на неколку смартфони од семејството Edge, а нивните кодни имиња се Sierra, Berlin, Berlin NA и Kyoto. Меѓутоа, познатиот типстер Еван Блас откри дека барем еден од нив ќе биде претставен како Edge 20 Lite.

Блас истакна дека смартфоните со кодно име Lisbon и Saipan ќе бидат претставени како G60S и G50 5G.

Motorola веќе има смартфон со ознака G50 и поддршка за 5G мрежи, но е развиван под кодното име Ibiza. Поради тоа, не е познато како Saipan ќе се разликува од него.

Блас не ги откри спецификациите на моделите Edge 20 Lite, G60S и G50 5G, но гласините велат дека Kyoto ќе има селфи камера од 16 или 32 MP, додека одзади ќе биде главната камера од 108 MP, ултраширока од 8MP и сензор за длабочина од 2MP.