Компанијата MSI го претстави најновиот HMI гејминг монитор: Optix MEG381CQR Plus. HMI е кратенка за Human-Machine Interface и претставува сосема нов концепт.
Покрај единствениот дизајн, MSI Optix MEG381CQR го карактеризираат и премиум спецификации. Опремен е со IPS панел со 2300R закривеност, а ја користи NVIDIA G-Sync Ultimate технологијата за флуиден гејминг.
Мониторот нуди UWQHD+ (3840 x 1600 пиксели) резолуција, стапка на освежување од 175Hz и 1ms одзив. Односот на страните е 21:9, а има и VESA DisplayHDR 600 сертификат за слика со повеќе детали и поживописни бои.
Со Steelseries GameSense, RGB LED нема да биде само чиста декорација, туку ќе помогне и кај гејмплејот. Со синхронизирање со активностите во игрите, осветлувањето може да ги прикажува битните елементи на гејмплејот игра преку LED ефекти.
MSI Optix MEG381CQR Plus има кутија за камера што може да се поместува по горната страна на мониторот. MSI не ја објави цената и достапноста на својот нов монитор.