MSI почна со продажба на комерцијален лаптоп, кој истовремено е конвертибилен, а нуди и одлична графика. Summit E16 Flip е решение за оние на кои им се потребни перформанси во движење.
Summit E16 Flip го краси „Golden Ratio“ 16:10 QHD+ дисплеј од 16 инчи, кој има освежување од 120Hz. Дисплејот поддржува 100% од DCI-P3 спекторот на бои, а нуди и поддршка за внес на содржини со MSI Pen паметното пенкало.
Лаптопот има и Dynamic Cooler Boost дизајн, кој им помага на корисниците да ги распоредат CPU и GPU перформансите на задачите по потреба. Достапни се процесори до Intel Core i7 модел од 11. генерација, како и графички карти од Nvidia GeForce RTX 30 серијата.
Summit E16 Flip ќе ја подобри продуктивноста на професионалците со низок лаг, стабилна конекција, долг работен век на батеријата и функции што можат да се прилагодуваат. Тука е и четирикратниот систем на камери и микрофон, кој помага да се детектираат јасни гласови од широкиот опсег на опкружувањето, со AI намалување на вревата. Работниот век на батеријата на лаптопот изнесува повеќе од 16 часа, додека за само 15 минути полнење се добива можност за работа од 2,5 часа.
Лаптопот е тенок само 16,85 милиметри, а благодарение на добриот термален дизајн не генерира врева над 35dB. Од портовите користи 2x Thunderbolt, 1x HDMI, 2x USB 3.2 Type-A и еден читач на microSD картички.