Американската вселенска агенција НАСА планира до 2030 година да испрати човечки екипаж на Марс, а иновација на компанија од Сиетл би можела драстично да го намали времето потребно за патување до Црвената планета.

Ultra safe Nuclear Technologies развива мотор на нуклеарен погон, двојно посилен од сегашните. Неодамна ги открија спецификациите, прикажувајќи систем кој потфатот до Марс би го скратил од седум на три месеци.

Поголеми детали за мисиите на Марс не се соопштени, но NASA соработува со многу компании и подготвува програма за лансирање, пренесува Daily Mail.

USN-Tech понуди решение во време кога ракетните мотори користат хемиски горива, а го достигнуваат нивниот максимум. Иако концептот е изграден за потребите на НАСА, компанијата од Сиетл истакнува дека моторот би можел да се користи и за комерцијални летови во вселената.

Извор: Objektiv.rs