САД планираат да ги вратат своите астронаути на Месечината како дел од програмата „Артемис“ во 2025 година.
Новиот распоред на NASA претставува доцнење во однос на претходната цел, која беше 2024 година, која беше поставена од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп во 2017 година, како амбициозно поместување од целта на агенцијата во 2028 година пред Трамп да ја преземе функцијата, пренесува CNBS.
Ова во вторникот го соопшти шефот на американската национална аеронаутичка и вселенска администрација, Бил Нелсон.
„Целта на администрацијата на Трамп за слетување луѓе во 2024 година не се заснова на техничка изводливост, им рече Нелсон на новинарите за време на конференциски повик“, наведува CNBS.
Тој исто така рече дека промените што треба да се спроведат ќе доведат до тоа мисијата „Артемис-2“, која ќе биде мисија со човечки екипаж, да се одложи најмалку до 2025 година.
На 16 април, NASA објави дека потпишала договор вреден 2,89 милијарди долари со Space X, чија задача ќе биде безбедно да слета двајца американски астронаути на површината на Месечината.
Мисијата треба да носи повеќечлен екипаж на Месечината, а патувањето треба да започне со помош на моќна ракета од Систем за вселенско лансирање и вселенско летало Орион што орбитира околу Земјиниот сателит.
Мисијата Артемида I, без астронаут на летот што ќе орбитира околу Месечината, беше планирано да биде лансирана на почетокот на оваа година, но сега е одложена најрано до пролетта 2022 година.