Американската вселенска агенција NASA има намера на Месечината да испрати ровер кој на површината би барал замрзната вода.
Роверот Viper ќе биде лансиран во 2023 година, а NASA го избра местото на слетување. Тоа ќе биде локација во близина на западниот раб на кратерот Нобил широк 73 километри, кој во целост е во мрак. Кратерот се наоѓа на јужниот пол на Месечината.
Мисијата ќе биде дел од плановите за враќање на луѓето на Месечината и истражување на нејзината површина бидејќи мразот би можел да се користи за добивање вода за пиење, како и за ракетно гориво.
NASA сака астронаутите да ги испрати на лунарната површина во текот на оваа деценија, во склоп на програмата Артемис кога на Месечината ќе патува и првата жена.
Оваа мисија би требало да го отвори патот кон долгорочното присуство на луѓето на единствениот природен сателит на Земјата.
Извор: Klix.ba