Откако американската вселенска агенција NASA успеа да го реши проблемот, вселенскиот телескоп Hubble конечно се „разбуди“.
Hubble повторно е онлајн по успешно извршената процесура која подразбираше префрлање на друг компјутер. Се чини дека со ова е решен проблемот поради кој Hubble со недели бил во безбедносен режим.
NASA пред неколку дена соопшти дека почнува „ризична“ процедура за префрлање на Hubble на помошен хардвер во намера да се реши пробблемот. За среќа, компјутерот се вклучи и продолжена е нормалната работа.
„Тимот на Hubble сега го следи хардверот за да се увери дека се работи како што треба. Тимот исто така ги враќа научните инструменти од конфигурацијата на сигурносниот мод“, објавија од NASA.
Телескопот е лансиран во 1990. година, а досега некочку пати се соочи со големи опасности. Иако сега повторно функционира, Hubble полека се приближува до крајот на својот животен циклус.
Оваа година во вселената ќе биде лансиран телескопот James Webb.