Вработените во NASA можат да се гордеат со сработеното бидејќи хеликоптерот Ingenuity успешно го заврши својот 15-ти лет на Марс.
NASA го испрати хеликоптерот на Марс без гаранција дека воопшто ќе полета, но ја исполни својата задача и со текот на времето леташе подолго, повисок и побрзо од очекуваното. Дури се веруваше дека леталото ќе крахира до петтиот лет, но успешно заврши 15 летови.
Инженерите не беа сигурни дека хеликоптерот воопшто ќе функционира на Марс бидејќи е тешко да се полета во атмосфера која има само еден процент густина во споредба со атмосферата на Земјата. Летот на Марс е еднаков на лет на височина трипати поголема од Монт Еверест. Но, вселенската агенција докажа дека постои можност за лет преку своите демонстрации на технологијата.
Инженерите на NASA направија мало вселенско летало со пропелери, кое го ставија во утробата на роверот Perseverance. Не беа сигурни дека хеликоптерот ќе ја преживее првата ноќ на студената површина на Марс и се плашеа дека нема да може да полета откако ќе ја добие командата. Исто така, постоеше ризик од пад при еден од петте закажани летови.
Сепак, Ingenuity се покажа како одличен и успешно го заврши својот 15-ти лет на Црвената планета минатиот викенд. NASA сè уште ги обработува податоците од последниот лет, но доколку сè поминало според планот, хеликоптерот најверојатно достигнал висина од нешто повеќе од 12 метри и прелетал 406 метри за помалку од 129 секунди.
Роверот Perseverance заедно со хеликоптерот Ingenuity пристигна на Марс на 18 февруари годинава и слета во кратерот Језеро. Научниците веруваат дека кратерот некогаш бил езеро и претставувал екосистем на марсовски микроби пред 3,5 милијарди години. Доколку постоеле такви микроби, тие би можело да бидат фосилизирани во наоѓалишта на минерали кои паднале на дното на езерото и станале карпи.
Во NASA мислеа дека хеликоптерот нема да може безбедно да слета до петтиот лет бидејќи во тој момент требало да биде во неистражени области.
По петтиот лет, NASA ја продолжи мисијата на хеликоптер за 30 дена, а во текот на шестата мисија прелета над неистражен терен. Оттогаш, тој посети неколку нови терени, фотографираше карпести полиња, а NASA ги искористи за да ја направи траекторијата на роверот.
Извор: Klix.ba