Американската вселенска агенција NASA ја заврши мисијата на сондата InSight на Марс, две години по слетувањето на Црвената планета.

Сондата, позната и како копач или дупчалка, е производ на Германскиот центар DLP, а нејзина задача беше да прави дупки, да копа на тлото и да ја мери температурата. Не успеа во задачата.

Причина за тоа е што сондата се заглави во текот на копањето уште на почетокот на мисијата. Неколку месеци подоцна , во октомври 2019 година инженери на NASA направија план со цел да помогнат на сондата, користејќи роботска рака, но обидот беше неуспешен.

На 9. јануари годинава имаше нов обид за користење на роботска рака, со 500 удари на сондата, но без напредок. Тогаш NASA одлучи официјално да ја прогласи сондата за „мртва“.

Извор: Klix.ba