Апликацијата на Google, Maps за уредите со Android наскоро ќе добие уште една корисна нова функција.

Станува збор за нов виџет Nearby Traffic, кој корисниците на Android ќе го добијат во наредните недели. Овој виџет ќе им обезбеди на корисниците информации за состојбата во сообраќајот во нивната непосредна област и ќе биде прикажан на почетниот екран на Android.

Корисниците ќе можат да го проверуваат сообраќајот околу нивната локација со едноставно допирање на виџетот без да ја стартуваат апликацијата „Google Maps“. Зумирањето ќе биде можно благодарение на специјалните копчиња.

Google го покажа изгледот на виџетот кој се појавува во големина 2×2.

Виџетот ќе прикаже мапа со јасно означена моментална локација како сина точка во центарот на виџетот. Засега не е познато дали виџетот може да се зголеми или не.

Google претходно објави дека Google Maps ќе ја пресметува цената на патарините на дадена рута за патување. Оваа функција беше најавена во април, а сега им се дава на првите корисници во Индија, Индонезија, Јапонија и САД, а се очекува и во други земји.

Корисниците ќе можат да ги дознаат цените на патарините пред почетокот на патувањето, а ќе имаат и можност да изберат рути без патарина.