Претплатничката услуга Nintendo Switch Online, покрај тоа што им овозможува на сопствениците на Switch конзоли да играат онлајн со други играчи во мултиплеер игри, има и свој избор на бесплатни игри. Бесплатните Switch игри доаѓаат во форма на NES и SNES класични наслови. Изгледа дека во оваа селекција наскоро би можеле да бидат додадени и Game Boy игрите.

Оваа информација прв ја објави од Јутјуберот „Nate the Hate”, а подоцна ја потврди Nintendo Life. Производителот на Switch најверојатно наскоро ќе додаде и Game Boy и Game Boy Color наслови во онлајн услугата на конзолата.

Интересно е што во 2019 година, во базата на Nintendo беа откриени четири разлилчни емулатори, од кои два беа NES и SNES. Можно е дека Nintendo веќе наскоро ќе овозможи Game Boy игри на конзолата, бидејќи се ближи обележувањето на третата годишнина од онлајн услугата.

 

Многу од претходните Nintendo конзоли им овозможија на гејмерите да купат ретро игри преку нивните онлајн продавници, но таа опција не беше достапна за Switch.