Компанијата Nio Mobile Technologies Co Ltd неодамна официјално е регистрирана со капитал од 100 милиони долари, а претставник е ко-основачот и претседател на компанијата Nio Qin Lihong.

Според документите за регистрација, компанијата ќе развива и продава електронски производи, мобилни, носливи и комуникациски уреди. Исто така, ќе развива софтвер и хардвер за вештачка интелигенција и е во сопственост на Nio Nextev Limited.

Nio е сопственик на други компании, но ова е прва што ја вклучува мобилната технологија во своето име, како и нејзиниот опис. Регистрацијата на компанијата покажува дека Nio е сериозен за влез на пазарот на мобилни телефони. Првиот модел ќе биде претставен следната година, а ќе ги следи стандардите поставени од Apple.

Nio произведува „паметни електрични возила од следната генерација“ кои се многу поврзани и ја користат сета најнова технологија, но сопствениците кои користат мобилни телефони на Apple имаат проблеми поради фактот што Apple на пример не дозволува целосен пристап до технологијата mmW што Nio ја користи во своите возила.

Во разговор со клиентите, претседателот на Компанијата рече дека оние кои користат телефони со Android не мора да ги менуваат уредите до следната година, што е навестување дека телефонот на Nio ќе биде готов не долго после тоа. Шпекулациите велат дека ќе биде многу убав и дека купувачите ќе можат да ги изберат и боите во кои се обоени нивните автомобили. Мобилниот телефон ќе биде малку поевтин од iPhone.

Аналитичарите очекуваат мобилниот телефон на Nio да донесе мала револуција во светот на мобилните уреди.