Nokia продолжува со претставување на телефони во средниот сегмент на пазарот, а овој пат е официјализиран Nokia 5.4 модел. Во прашање е достапен модел, кој го покренува Snapdragon 662 чипсет, има четири камери и 4000mAh батерија.

Nokia 5.4 има 6.39-инчен IPS LCD екран, со HD+ резолуција и punch-hole засек за 16MP селфи камера.

На задната страна се наоѓа кружен модул за 48MP главна камера, 5MP ултраширок сензор, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен под камерите.

Snapdragon 662 е искомбиниран со 4GB RAM и 64GB/128GB простор за складирање (проширлив преку microSD картичка). Телефонот пристигнува со Android 10 софтвер, но надградбата на Android 11 е веќе во подготовка. Батеријата од 4000mAh се полни преку USB-C порт со брзина од 10W.

Nokia 5.4 пристигнува во виолетова и сина боја, а на пазарите во Европа ќе се продава по цена од 189 евра.