Поминаа неколку години откако Nokia го објави својот последен таблет (N1), но HMD Global планира да го врати популарниот бренд на таблет пазарот. Наскоро се очекува објава на Nokia T20 таблетот.

На британскиот сајт MoreComputers се наведени две верзии на T20 таблетот – Wi-Fi only и 4G. Двата модела се достапни во сина боја.

Nokia T20 ќе има 10.36-инчен дисплеј и скромни спецификации, кои вклучуваат 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Не е познато кој чипсет ќе го покренува таблетот, но се очекува да биде од понизок сегмент.

Wi-Fi моделот има цена од околу 260 долари, додека 4G верзијата чини околу 280 долари, а уредот е забележан и кај продавач кој ги листа цените во евра, каде што чини 225 и 245 евра.

Засега нема информации за тоа кога би можел да биде претставен Nokia T20 таблетот.