По некој период на блиска соработка, компаниите OnePlus“ и Oppo се спојуваат, при што OnePlus ќе стане подбренд на Oppo.
И двата бренда се во сопственост на BBK Electronics, па се чини дека овој потег воглавно се однесува на здружување на ресурсите и формализација на нивниот работен однос.
Овој потег ќе му даде на OnePlus дополнителни ресурси за развој на подобри производи.
„Исто така ќе нѝ помогне да бидеме поефикасни како на пример претставувајќи побрзи и постабилни ажурирања на софтверот за корисниците за ‘OnePlus’“, вели Пит Лaу, еден од основачите на компанијата.
Иако OnePlus сега е под закрила на Oppo, Лау вели дека компанијата ќе продолжи да работи самостојно. OnePlus и понатаму ќе има свои производи и настани и ќе продолжи директно да комуницира со купувачите.
OnePlus кон почетокот на оваа година го претстави својот прв паметен часовник – OnePlus Watch, а оваа недела брендот објави детали за својот најевтин 5G телефон досега, OnePlus Nord N200 кој изнесува 240 долари, а кој ќе започне со продажба овој месец.
Покрај OnePlus и Oppo, во сопственост на корпорацијата BBK Electronics се и компаниите RealMe како и Vivo, компанија која со своите телефони станува сè позастапена и на балканскиот пазар.
Извор: B92.net