OnePlus е познат по сите обемни кампањи за најави на производи што се очекуваат, а овој пат компанијата се надмина себеси во подготовките за презентацијата, што ќе се одржи на 23 март, кога се очекува претставување на OnePlus 9 серијата телефони и OnePlus Watch паметниот часовник.
Првиот паметен часовник на компанијата сега „протече“, поточно фотографијата на уредот беше ретвитувана од OnePlus, што ја прави официјален тизер на претстојниот уред.
Како што беше сугерирано и претходно, OnePlus Watch има кружен дизајн, ремен што лесно ќе може да се замени со стандардна големина од 20мм или 22мм. Не е познато колкави ќе бидат рамките околу дисплејот, бидејќи фотографијата покажува црна позадина на екранот.
Видливи се две копчиња од десната страна, како и она што изгледа како Always-on дисплеј. OnePlus претходно објави дека паметниот часовник нема да користи Google Wear OS, туку сопствена софтверска платформа.
OnePlus Watch ќе има IP68 сертификат за заштита од вода и прашина, ќе биде достапен во црна и сребрена боја и ќе поддржува SpO2 сензор, детекција на вежбање, следење на спиењето и ќе има 4 GB интерна меморија.