OnePlus Nord дебитираше ова лето, но е достапен само во Индија и некои држави во Европа, а сега се претставени два нови модели кои ќе бидат достапни во целиот свет.

OnePlus официјално ги претстави Nord N10 5G и N100, уреди за кои од компанијата велат дека се нов чекор во понудата на евтини смартфони на пазарот.

Nord N10 5G чини 430 долари, а го доби новиот процесор Qualcomm Snapdragon 690, има 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија, 6,49-инчен FHD екран со фреквенција на освежување од 90 Hz.

Телефонот има четири камери, главна од 64, ултраширока, макро и монохромна. Уредот го напојува батерија од 4.300 mAh. Го користи оперативниот систем Android 11.

OnePlus N100 чини 234 долари и доаѓа со 6,52-инчен HD+ екран и батерија од 5.000 mAh.

Има главна камера од 13, макро и селфи камера. Уредот користи Snapdragon 460 процесор, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Може да додадете и microSD картичка.

Извор: Klix.ba