Додека стрпливо чекаме на објава на OnePlus 9 RT во текот на октомври, некои веќе размислуваат за следната година. Првите гласини за OnePlus 10 серијата телефони се фокусираат на дизајнот на овие премиум уреди

Дојавувачот Јогеш Брар е уверен дека OnePlus 10 серијата ќе биде рекламирана како „исплорани Series 9 модели“ и ќе бидат многу слични според дизјанот со годинашната OnePlus 9 серија. Се очекува дека OnePlus 10 серијата ќе биде претставена во некој момент во текот на 2022. година.

Дојавувачот исто така понуди информации за неколку претстојни телефони од OnePlus Nord серијата, но без конкретни спецификации.

Се очекува дека кинеската компанија на следната презентација ќе претстави и неколку додатоци, но засега нема детали за тоа кога таа презентација ќе биде одржана.