На почетокот на следната година се очекуваат три нови смартфони од OnePlus, но според дојавувачите од Кина, никој од нив нема да има перископ телефото камера.

Ова е втор пат да ја слушнеме оваа информација – за првпат тоа беше навестено во ноември кога се појавија CAD рендерите на OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro моделите.

Засега е непознато зошто OnePlus ќе го изостави решението што веќе го имаат имплементирано Samsung, Huawei и Xiaomi, како и Oppo и Realme. OnePlus 9 Pro се очекува да има два истакнати камера сензори, следени со два помали модула.