OnePlus 9, 9 Pro и можниот OnePlus 9E/9 Lite модел се очекуваат во средината на март. Досега имавме голем број протечени информации за овие телефони, вклучувајќи и фотографии со висока резолуција на прототипот на OnePlus 9 5G. Сега истиот модел е забележан на eBay, каде официјално е продаден за 3.000 долари.

Описот и фотографиите на производот сугерираат дека станува збор за истиот уред што претходно можеше да се види во протечените вести. Во описот, продавачот на телефонот посочува дека фотографиите на интернет-страниците се слични бидејќи по купувањето на прототипот, го фотографирал телефонот и сликите им ги испратил на технолошките страници. Јасно наведува дека станува збор за прототип верзија на телефонот со бета Oxygen оперативен систем со Android 11. Тој посочува и дека не може да гарантира софтверска надградба за овој модел.

Продавачот/дојавувал очигледно бил свесен дека продава прототип верзија, а во описот најавил и тест што се очекува во следните две недели. Сепак, она за што не бил свесен е постоењето на постојани букви и броеви на дното на уредот и за што тие служат. Таму се наоѓаат со цел да се идентификува прототипот на верзијата и да се овозможи негово следење во вакви ситуации. Продавачот накнадно ги отстранил, но не пред да бидат забележани на интернет.