Речиси еден месец по првичната објава, OnePlus Buds Pro слушалките ќе можат да се купат низ Европа по цена од 149 евра. Првиот пар од овие слушалки на компанијата OnePlus со опција за поништување на позадинската бучава е достапен во Glossy White и Matte Black варијанти.

OnePlus Buds Pro овозможуваат ANC (адаптивно намалување на позадинската врева) со три микрофони на секоја слушалка, кои стивнуваат звук до 40dB. Слушалките имаат драјвери од 11мм и поддржуваат Dolby Atmos.

Спарувањето е можно преку Bluetooth 5.2 конекција, а OnePlus гарантира ниво на латентност од 94ms. Траењето на батеријата е 10 часа на самите слушалки, додека футролата за полнење може да го продолжи животот за уште 33 часа.