OnePlus во октомври ги претстави Buds Z TWS слушалките, а компанијата следниот месец ќе го објави наследникот, моделот OnePlus Buds Z2.

До овие информации пристигна дојавувачот OnLeaks, кој објави и рендери од споменатите слушалки, откривајќи го нивниот дизајн.

OnePlus Buds Z2 изгледаат слично на својот претходник. Капачињата за уши се благо навалени, додека на слушалките се видливи и некои сензори.

Изворот не го открива спецификациите на Buds Z2 моделот, а повеќе детали се очекуваат во претстојниот период. Претходно се појавија и информации дека OnePlus подготвува олеснета верзија на Buds Pro слушалките, со ANC поддршка.