OnePlus Nord CE 5G сега е достапен во Европа и може да се купи преку локалните сајтови на OnePlus.com. Интернет продавниците имаат 8/128 GB и 12/256 GB верзии, со цени од 330 и 400 евра.

Иако е наведен моделот од 6/128 GB, со цена од 299 евра, тој во моментов не е на залиха, но се очекува подоцна.

Nord CE 5G работи со Snapdragon 750G чипсет, се одликува со 6,43-инчен 1080p AMOLED дисплеј со брзина на освежување од 90Hz и OxygenOS интерфејс базиран на Android 11.

На задниот дел од телефонот се наоѓа главната 64MP f/1.8 камера, која комбинира четири пиксели во еден и испорачува фотографии со 16MP 1,4μm резолуција. Присутна е и 8MP 119°   ултраширока камера и сензор за длабочина од 2MP. На предната страна има селфи камера од 16MP.

Едно од најголемите подобрувања на моделот Nord CE 5G, во споредба со оригиналниот OnePlus Nord 5G, е капацитетот и квалитетот на батеријата. Батеријата сега има големина од 4500mAh, а 30W Dash 30T+ полначот ја полни до 70 проценти за 30 минути.

Многу од онлајн продавниците нудат специјални промоции за Core Edition телефонот, кои вклучуваат бесплатни слушалки и друга опрема.