Компанијата за развој на вештачка интелигенција Open AI изјави за Axios дека нејзината најпопуларна алатка ChatGPT прима дури 2,5 милијарди барања секој ден.
Од тој број, околу 330 милиони барања доаѓаат од Соединетите Американски Држави.
Во декември минатата година, извршниот директор на компанијата, Сем Алтман, изјави дека корисниците поднесуваат повеќе од милијарда барања дневно, а моменталните податоци покажуваат дека обемот се зголемил повеќе од двојно за помалку од осум месеци, објави Tech Crunch.
За споредба, Google неодамна објави дека обработува пет билиони пребарувања годишно – во просек нешто помалку од 14 милијарди дневно.
Независни извори даваат слични проценки: NP Digital известува за 13,7 милијарди пребарувања дневно на Google, додека Spark Toro и Datos проценуваат околу 16,4 милијарди.
Анкета објавена претходно оваа година од Tech Radar покажа дека повеќе од една четвртина од корисниците во Соединетите Американски Држави претпочитаат да користат алатки како ChatGP во однос на традиционалните веб-прелистувачи, додека во Обединетото Кралство бројката е 13 проценти.
Испитаниците рекоа дека пребарувањето со помош на нови алатки базирани на вештачка интелигенција е ефикасно, лесно за користење и нуди можност за персонализација и поточни одговори.