Opera во текот на 2019. година го објави десктоп браузерот за гејмери, за дополнително да се разликува од Google Chrome. Во текот на претходните години, Opera GX е подобрен со бројни опции на прилагодување, вклучувајќи ги Razer Chroma светлосните ефекти.

На почетокот на оваа година, браузерот го купи YoYo Games, со што повеќе внимание ќе се посвети на тоа Opera прелистувачот да биде достапен на мобилните уреди. Компанијата сега ја тестира бета верзијата за Opera GX за iOS и Android, а јавната објава е планирана за неколку недели.

Opera GX користи контролен панел кој на корисникот му овозможува да ги прилагоди лимитите за употреба на CPU и RAM ресурсите, како и за проток на податоци во рамките на мрежата. Корисниците на мобилните уреди можат и да го искористат копчето за брза акција за брзо да им пристапат на функциите, како што е пребарувањето, или за отворање или затворање на табови. Копчето користи и вибрации и има тактилен одзив, што може да биде корисно во текот на гејмингот.

Можно е да се синхронизира мобилниот прелистувач со десктоп верзијата, преку скенирање на QR кодот. Ова ќе овозможи префрлање на фајлови до 10MB, YouTube видеа, фотографии и други содржини. Дополнителните функции вклучуваат вграден ad blocker и заштита од рударење на криптовалути.