Компанијата Oppo објави кратко видео кое го открива новиот тип на дизајн на задната камера наменет за паметни телефони.
На снимката објавена на Твитер се гледа задна камера која се извлекува од куќиштето на смартфонот и потоа се повлекува назад. Според видеото, механизмот е водоотпорен, а камерата ќе се вовлече во куќиштето во случај корисникот да го испушти уредот.
Most pop-ups are annoying…
But not our self-developed retractable camera! ?
Explore more in INNO WORLD on 14/12.#OPPOINNODAY2021 pic.twitter.com/33hgJSw8If
— OPPO (@oppo) December 7, 2021
За разлика од pop-up селфи камерите што ги видовме досега, кои се целосно „скриени“ во телефонот до моментот кога се потребни, поместувањето на камерата на начинот на Oppo може да има влијание врз квалитетот на фотографијата, иако компанијата допрва треба да открие ништо за оптичките придобивки на новиот дизајн. Теоретски, механизмот би можел да ги подобри телефото перформансите на камерата.
Oppo го објави видеото пред годишниот Inno Day настан, каде компанијата често презентира различни концепти и технологии пред да ги комерцијализира. Во текот на минатогодишниот настан беше прикажан мобилен телефон со механизам на ролање и AR очила. Оваа година, Inno Day се одржува на 14 и 15 декември.