Кинеската компанија Oppo има намера во 2021. година да претстави сопствени таблет компјутери и лаптопи.
Oppo моментно во понудата има смартфони, паметни носечки уреди, безжични слушалки и паметни ТВ уреди, а кинеските медиуми јавуваат дека следната година понудата ќе биде проширена со таблет компјутери и лаптопи.
Кога ќе се појават новите уреди на пазарот и со кои спецификации, засега не е познато.
Откако Oppo ќе ги претстави своите таблети, веројатно истото ќе го сторат и OnePlus и Realme и ќе внесат освежување во категоријата производи што стагнира.