Големите производители на смартфони работат на телефони на преклоп кои ќе се појават на пазарот оваа година, а меѓу нив е и компанијата Oppo.

Xiaomi веќе го претстави својот Mi Mix Fold, а кинеските медиуми пишуваат дека на ред е Oppo. Оваа компанија подготцува преклопен смартфон кој од внатрешната страна ќе има 7-инчен склоплив панел. Се работи за LTPO екран, кој всушност е OLED панел, но е поштедлив. Токму тоа е клучно за така малите уреди.

Се очекува дека новиот Oppo ќе биде подолг и поширок од Galaxy Z Flip и Moтo Razr уредите, но тоа би можело да му овозможи да добие батерија помеѓу 3.500 и 4.000 mAh.

Уредот ќе има и секундарен 2-инчен екран на надворешната страна кој ќе прикажува нотификации, а можно е и дека ќе има некои функции кои ќе го олеснуваат креирањето на селфи фотографии.

Засега не е познати кој процесор ќе го покренува, какви камери ќе има, како ни кога точно ќе се појави.